Јувентус го среди шампионот, победа над Интер во „Дерби Д’Италија“! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус се радуваа во „Дерби Д’Италија“ против Интер со 1-0 (0-0) во 25. коло на Серија А.

Натпреварот на „Алијанц стадион“ во Торино понуди доста шанси, двата тима имаа свои моменти и можеа до голови, но човек на одлука беше Франциско Консеисао. Има Интер за што да жали бидејќи двапати погоди статива преку Дамфрис, ама во вториот дел му недостигаше концентрација во завршницата на акциите.

„Старата дама“ на погонот на позајмениот напаѓач Коло Муани стигна до водечки гол. Иако Французинот беше „само“ асистент, мора да добие кредит за тоа што се прошета низ одбраната на гостите, па му додаде на Консеисао кој пласира во подалечниот агол за 1-0 во 74. минута.

Откако Интер до крајот не успеа да се врати резултатски, претрпе пораз од лутиот ривал и испушти шанса да го преземе врвот. Сега тимот на Инзаги има 54 бода, два помалку од водечкиот Наполи, додека Јувентус сега стигна на 46.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани