Само чудо може да
го спречи Јувентус да стигне до седмо Скудето во низа откако „Старата Дама“
вчера славеше против Болоња а попладнево Наполи дома одигра само 2-2 против
Торино.
Разликата помеѓу
двата тима е шест бода на две кола до крајот, па „Бјанконерите“ можат да се
радуваат на насловот шампион на Италија и со два порази.
Во случај
Јувентус и Наполи да имаат ист број на бодови, во Серија А одлучува меѓусебниот
дуел, а и тој е идентичен, двата тима победија со 0-1 во гости. Следен
параметар е гол разликата.
Во моментов
избраниците на Алегри имаат 84 погодока дадено и 23 примено, додека пак
избраниците на Сари имаат 73 дадено и 28 примено.
Надеж за место во
Лигата на шампионите доби и Интер. По победата над Удинезе и киксот на
„Бјанкочелестите“ против Аталанта, разликата е само два бода. Доколку
„Нероаѕурите“ триумфирата над Сасуоло, во последното коло сами ќе одлучуваат за
својата судбина и со победа на Олимпико во директниот дуел со Лацио ќе се
изборат за топ четири пласман.