Голот на Ерлинг Халанд на градското дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед предизвика бројни реакции, иако токму тој му донесе победа од 1-0 на тимот од „Етихад“.
Норвежанецот погоди во 60. минута, но неговиот гол најпрво беше поништен поради офсајд. По интервенцијата на ВАР, сепак, одлуката беше преиначена и голот беше признат. Јошко Гвардиол ја испрати топката во шеснаесетникот, Халанд реализираше, а ВАР утврди дека напаѓачот на Сити бил во дозволена позиција.
Но, токму тука започна полемиката. Пред Халанд кон топката тргна Енцо Фернандез, кој за малку не успеа да ја допре. Од таборот на Јунајтед веднаш реагираа, сметајќи дека голот требало да биде поништен бидејќи Фернандез со своето движење имал намера да одигра со топката и со тоа влијаел врз реакцијата на голманот Сенe Ламенс.
Во Јунајтед се убедени дека биле оштетени, но одговорот од навивачите на Сити стигна експресно. Тие потсетија на една слична ситуација од градското дерби одиграно пред три и пол години.
God the justice 🥹 https://t.co/ERe2v4fBN8
— pragyan (@pragyanoflate) September 13, 2026
На 14 јануари 2023 година, Манчестер Јунајтед го совлада Сити со 2-1, но голот за израмнување на „црвените ѓаволи“ и денес предизвикува полемики.
Каземиро тогаш ја испрати топката кон Маркус Рашфорд, кој се наоѓаше во очигледна офсајд-позиција. Напаѓачот тргна кон топката, а во обид да го спречат, Мануел Аканџи и Кајл Вокер го следеа. Рашфорд во последен момент застана и не ја допре топката, по што таа стигна до Бруно Фернандеш, кој погоди за 1-1.
И покрај тоа што Рашфорд беше директно вклучен во акцијата и очигледно влијаеше врз играчите на Сити, голот беше признат. Образложението беше дека тој не играл со топката.
Токму на оваа ситуација сега се повикуваат навивачите на Сити, правејќи паралела со спорниот момент со Енцо Фернандез.
🚨⚽ GOAL! MANCHESTER CITY TAKE THE LEAD! Man Utd 0-1 Man City — Haaland Erling Haaland latches onto a perfectly weighted pass from Joško Gvardiol before calmly finishing to put City ahead. 🎯🔥 City strike first in the Manchester derby! Can United respond? 👀 https://t.co/BMjmxuKxW7
— Football hub (@AbdulSucce77817) September 13, 2026