95
Со голови на Смолинг и Лукаку, Манчестер јунајтед со 2-0 го победи Борнмут на негов терен и се рехабилитираше од поразот од ВБА.
Ова за Ромелу Лукаку беше 27. гол оваа сезона во сите натпреварувања со што го помина учинокот кој го имаше лани во Евертон од 26 голови. Ова е негов нов рекорд, нова најдобра сезона кога се во прашење дадените голови.
Личен рекорд постави и Давид де Геа кој по 21. пат ја сочува мрежата оваа сезона во сите натпреварувања, негов најдобар учинок досега.