Jaнкулов: Работиме добро, целиот фокус е на двомечот со КуПС

by Стефан
2 минути читање

Фудбалерот на Вардар, Георгије Јанкулов, кој неодамна доби повик и во македонската репрезентација, испрати позитивни пораки од Норчија, Италија, каде што „црвено-црните“ ги реализираат подготовките за новата сезона.

Јанкулов истакна дека подготовките се одвиваат според планираното, а целото внимание на тимот е насочено кон претстојниот двомеч со финскиот КуПС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

„Се наоѓаме во добри подготовки и играме пријателски мечеви, а фокусот е во целост на првото коло на ЛШ. Мислам дека добивме ривал со кој може да се носиме и нијанси ќе го одлучат патникот во следната фаза. Вардар по седум години е во ЛШ, така што тоа е доволен мотив да се покажеме во што е можно подобро светло и да стигнеме што е можно подалеку во Европа.

Зборуваше и за дуелот со КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите.

КуПС не сум го гледал многу пати, но штом екипата е шампион на земјата, има квалитет. Гледам предност за нив што сезоната им е веќе во тек, но од другата страна може да биде и маана затоа што може да имаат одреден замор, а ние доаѓаме од подготовки и ни следи првиот меч во новата сезона.

Осврнувајќи се на работата со новиот тренер Фабијани, Јанкулов објасни дека екипата постепено се адаптира на неговите идеи и барања.

Со Фабиани се запознаваме полека, со неговиот систем, исто и тој со нас. Има свои принципи кои сакаме да ги усвоиме и да ги покажеме на терен. Завршната тактика уште не сме ја фатиле, повеќе се фокусираме на кондиција и сила, па ќе ни следат тактичките подготовки. Убаво е чувството кога младите играчи се околу и добиваат шанса во првата екипа. Сите играчи ги прифативме добро, имаат квалитет и заслужено се овде, а нивно е да се борат, да се докажат и да останат со нас во првиот тим и по подготовките“, изјави Јанкулов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×