74
Коњаспор на
нашиот Адис Јаховиќ избори опстанок во најелитното друштво на фудбалска
Турција, поточно во тамошната Суперлига, а токму затоа беше доведен Македонецот
и неговиот партнер во нападот на таа екипа, Самуел Ето.
Целта е остварена
за Коњаспор, кој сезоната ја заврши со пораз кај Фенербахче од 3-2, а токму
нашиот напаѓач во 73. минута го ублажи поразот на својата екипа поставувајќи го
конечниот исход од таа средба во Истанбул на која во самиот финиш прилика за настап доби и Елиф Елмас.
Ова беше сезона
за паметење за Јаховиќ кој со 19 погодоци заврши на третото место на листата на
стрелците во овосезонската турска Суперлига зад Јилмас (23), односно лидерот
Гомис (29).