Измамениот Роналдо на соиграчите им открил дека заминува, приоритет му е еден клуб

by
2 минути читање

„Кралевите“
играат во очајна форма, а покрај лошите резултати од терените, проблем за
клубот е и иднината на првата ѕвезда ЦР7. Во последно време често се пишува
дека Кристијано Роналдо не е среќен во Мадрид и сака да замине.

Според денешното
издание на АС, Португалецот се чувствува измамен од првиот човек на клубот
Флорентино Перез. Тој веќе донел одлука да ја промени средината и приоритет му
е враќање во Манчестер јунајтед. Олд Трафорд го гледа како идеално место за
продолжување на авантурата.

АС додава дека
одлуката на Кристијано Роналдо е толку јасна што тој својата намера веќе им ја
открил на неколку соиграчи.

По финалето во
Кардиф, во кое ЦР7 со два гола му донесе нова титула на Реал во Лигата на
шампионите, Кристијано добил ветување од Флорентино Перез дека ќе му понуди нов
побогат договор.

Но тоа никогаш не
се случи, и покрај тоа што Роналдо во неколку наврати јавно го прозва
претседателот.

„Ако е можно, би
сакал да се пензионирам во Мадрид. Но тоа не зависи од мене, јас не сум газда
во клубот“
– рече Португалецот по триумфот на Светското клупско првенство.

Слична порака
испрати и кога ја доби „Златната Топка“: „Сакам да продолжам во дресот на Реал
доколку тоа е можно“.

Не само што овие
пораки не предизвикаа никаков одговор од страна на Флорентино Перез, Реал се
обидува да донесе млада ѕвезда која во иднина треба да го наследи Кристијано
Роналдо. Минатото лето тоа беше Килијан Мбапе, а сега се погласно се најавува
трансфер на Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани