Според информациите кои
ги пренесува „Калчомеркато“, со оглед на последните коментари на агентот на 18
годишниот чувар на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума, Мино Рајола,
популарниот Џиџо има вредна понуда на маса, и тоа од ПСЖ кој познато е дека не
се штеди на исполнувањето на своите трансфер желби.
Рајола пред само неколку
денови во интервју за „Раи“ истакна дека ја испочитувал желбата на неговиот
клиент да остане и да потпише нов договор со тимот од Милано, но доколку тој се
прашува, Донарума треба да си замине од тој клуб.
Причината за таквата
изјава на контроверзниот фудбалски агент наводно, според сознанијата на
италијанскиот медиум до кои дошол, е тоа дека ПСЖ има конкретна понуда за неговиот
клиент, но останува отворено прашањето колку овие шпекулации се точни.
Истовремено, вреди да се
издвои и фактот што Донарума е на листата на желби и на Реал Мадрид и Јувентус.