Избегната голема трагедија: Шкртел падна како покосен на теренот, Дуда му го спаси животот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На мечот помеѓу
Словачка и Тајланд во рамките на „Кралскиот куп“ избегната е голема трагедија
откако Мартин Шкртел, дефанзивецот од редовите на Словачка падна како „покосен“
на теренот по ударот во лице со топка по обидот за центаршут на Чанатип Сонграшин.

Следеше брза
реакција на Ондреј Дуда кој веднаш почна да му го вади јазикот на својот
соиграч за да не се загуши, а потоа преземаа лекарските екипи, Шкртел продолжи
да игра се
до 73. минута
кога беше заменет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани