Нигериецот Ивоби ги
наполни насловите во британските медиуми откако беше уловен како се забавува во
доцните ноќни часови на ден пред мечот против Нотингем Форест, каде Арсенал
забележа елиминација во ФА Купот, а тој ги одигра сите 90 минути од средбата каде
доби катастрофални оценки.
Стратегот од клупата на
Топчиите, Арсен Венгер истакна дека тој чин бил неприфатлив за него.
„Неверојатно е да
излезете и да се забавувате на 48 часа пред натпревар. Тоа за мене е
неприфатливо, ќе се видам со него и ќе разговараме за ова дали е точно или не.
Доколку била роденденска забава, колку долго останал на неа? Тоа е многу важно,
по разговорот со него ќе одлучам кои ќе бидат мерките и дали воопшто ќе ги има“
рече Венгер.
„Да се биде
професионален фудбалер е голема обврска, морате да играте фудбал и да бидете
сконцентрирани на тоа, дури и 100% да се подготвувате за натпреварите некогаш
не е гаранција дека ќе бидете добар на теренот“ додаде францускиот стратег.
Tomorrow’s front page: Fury at Arsenal Ace pic.twitter.com/xP5Fz05WyA
— The Sun (@TheSun) January 8, 2018