Лорис Кариус е
најозборуваната фудбалска личност овој период, причина за тоа е секако неговото
катастрофално издание на голот на Ливерпул во големото финале од Лигата на
шампионите, каде со два големи кикса влијаеше на победата на Реал Мадрид од
3-1.
Претседателот на
италијанскиот третолигаш Римини, Џорџо Грази го повика германскиот голман да се
пресели на една година во неговиот тим, а за тоа ќе добие период во кој ќе ја
врати неговата смиреност и самодоверба.
„Би сакал да му
помогнам на Лорис да стане пример за тоа како во фудбалот и во животот можете
да застанете на нозе. Би му понудил за роденден договор на година дена со
фудбалскиот клуб Римини, идеален за да ја врати својата смиреност, како и
самодоверба, воедно и сила да ги прати своите соништа“ рече Граси мислејќи на
22 јуни, денот кога Кариус полни 25 години.