Италијаните си тераат мајтап со Гатузо, тренерот на Милан го доби „признанието“ Златен Тапир

by
1 минути читање

Минатата недела, новиот
предоводник на „Росонерите“ беше насамерен од познатите италијански комичири и
за популарното шоу „Ла Јене“ кажа „Форца Интер“.

Италијаните денеска
решија одново да си тераат мајтап со Џенаро Гатузо, па по неславното деби на
клупата и ремито од 2-2 против Беневенто со гол на голманот Брињоли во 95.
минута, Рино беше почестен со „признание“.

Тренерот на Милан
беше посетен од новинар на „Стриша ла Нотиција“ и ја доби наградата Златен
Тапри, мала статуетка која се доделува на славни личности или политичари кои
биле понижени или поразени.

Џенаро Гатузо
беше страв и трепет како фудбалер, но и покрај тоа новинарот реши дополнително
да го „пецне“: „Видов убав гол во последните секунди кој го постигна Монтела,
тоа не беше голманот на Беневенто, туку маскиран Монтела“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани