Напаѓачот подолго
време се поврзува со најдобрите клубови од стариот континент но во сликата сега
влегува и Атлетико откако Пауло Дибала минатата недела беше во посета на Мадрид
и седна на вечера со својот сонародник Диего Симеоне.
Медиумите од
Италија вчера вечерта и утрово полудеа за трансферот на Аргентинецот на Ванда Метрополитано и на
големо пишуваат за договор помеѓу напаѓачот и „Колчонероси“ како и можен
трансфер вреден помеѓу 150 и 200 милиони евра. За ваквата
сторија сите го цитираат Хоакин Родригез, кого го преставуваат како новинар на
Радио Онда Серо и Антена 3.
Но со ова го
навлекоа гневот на новинарот, кој повеќе не е дел од овие медиуми и сега работи
на самостоен проект наречен „Оф д рекорд“.
„Господа, за сторијата
за Дибала престанете да давате заслуги на Онда Серо (каде што работев три
години и секогаш ќе го сакам ова место). Не е тешко да го цитирате медиумот
кој ја соопшти веста (@offrecordnews). Ги лажете читателите. Не работам повеќе за Онда Серо! Ви благодарам”
– гласеше постот на Хоакин Родригез на Твитер.
Што се однесува
до оргиналната вест, твитер профилот на „Оф д рекорд“ напиша дека од прилично сигурен извор од Италија
добиле информации дека Пауло Дибала постигнал согласност со Атлетико за пет
годишен договор и ќе се пресели на Ванда Метрополитано како замена за Антоан
Гризман. Братот на Пауло Дибала, Густаво разговарал со спортскиот директор на
мадриѓани, Андреа Берта и си подал рака.
Евентуалниот
трансфер на Пауло Дибала ќе вреди повеќе од 100 милиони евра, а во зделката би
можел да биде вметната и дефанзивецот Стеавн Савиќ, кој е по мерак на Јувентус.
Но се зависи од тоа дали Антоан Гризман ќе си замине ова лето. Французинот може
да го напушти Атлетико за 100 милиони евра, и подолго време се говори дека Барселона по
крајот на сезоната ќе ја активира откупната клаузула на напаѓачот.