837
Финалето од
Лигата на шампионите во 2020. година ќе се одигра во Истанбул, Турција, на
Олимпискиот стадион Ататурк, објави Европската куќа на фудбалот, УЕФА.
УЕФА ја донесе
оваа одлука на само два дена од овосезонското финале каде во Киев во битката за
драгоцениот европски трофеј битка на теренот ќе водат Реал Мадрид и Ливерпул.
Ќе потсетиме дека
на најголемата фудбалска арена во Турција претходно се играше и финалето помеѓу
Ливерпул и Милан во 2005. година, кога англискиот Премиерлигаш по една невидена
драма губеше со 0-3, израмни а на пенали славеше против Италијанците.
Идната сезона
домаќин на финалето ќе биде арената „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.