Инзаги за три години двапати го однесе Интер во финале на ЛШ: Ова беше неверојатна ноќ!

by riste
1 минути читање

Интер се пласираше во големото финале од Лигата на шампионите кое ќе се игра во Минхен, нероазурите ја добија епската драма со Барселона.

Големи заслуги одат на адреса на Симоне Инзаги кој двапати го носи тимот во финале во Лигата на шампионите во само три години и покрај тоа што нема некој голем буџет за засилувања.

„Ова беше неверојатна ноќ која треба да се сподели со нашите фанови, нашиот клуб и нашите семејства. Фудбалерите направија нешто спектакуларно. Одигравме четири неверојатни натпревари против два тима од светска класа како Баерн и Барселона. Беше одлично да се прослават овие достигнувања со нашите фанови“, вели Инзаги.

„Имавме некои проблеми, но со срцето ги минавме сите пречки. Се обидовме да играме со квалитетите кои ги имавме. По првиот меч, имавме план на игра во главата, но без пожртувваност и помош од сите нас заедно, не може да го направите тоа. Добро одигравте момци, го заслиживме финалето“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани