Шпанскиот фудбалски новинар Жил Балаге направи интересна споредба која привлече внимание. Тој зборуваше за фудбалскиот „вундеркид“ на Барселона – Ламин Јамал.
Природно шпанското крило уште од почетокот е споредуван со Лионел Меси. Сепак, според Балаге Јамал е целосна спротивност на аргентинската супер-ѕвезда.
Напротив, според Шпанскиот новинар младиот Јамал е многу посличен на Кристијано Роналдо и тоа поради една причина.
„Меси секогаш беше внимателен во начинот на кој им пристапува на работите – ривалите, соиграчите, менаџерите – секогаш беше почитуван. Сепак, тој постави ментална рамка за новите генерации.
Ламин Јамал не можеше да биде поразличен од Меси. Аргентинецот беше повлечен, а Шпанецот од мал се шегуваше со сите во соблекувалната и се истакнуваше. Фактот дека неговите родители одамна се разделени му помогнал да добие слобода и да оди над она што од него се очекува.
Добар пример за такво нешто е Кристијано Роналдо. Тој немал примери и мислел дека може да лета и да биде најдобар на светот, а немало кој да му каже ‘Не’“, прокоментира Жил Балаге.
Фото/Photo: FC Barcelona/Twitter