Интер во јануари добива големо засилување

by
1 минути читање

Според информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели
дека тамошниот Калчолигаш Интер веќе е со мислите во 27 годишниот бразилски
интернационалец од редовите на кинески 
Џангксу Сунинг, офанзивецот Алекс Тешеира.

Бразилецот лани за сума од фантастични 50 милиони евра се
пресели во Кина, но се чини дека не се снајде добро во тамошниот шампионат, а
тој веќе е на радарот на тимот од Милано, кој во него гледа големо засилување
за следниот преоден рок, поточно во јануари.

Тешеира дури и го загуби статусот на првотимец на Џангксу Сунинг,
а тоа можно е да доведе до заминување од Кина следниот преоден рок.

Она што е олеснителна околност за Интер, е фактот што
сопственикот на калчолигашот е воедно и сопственик на кинескиот клуб, па овој
трансфер околу реализацијата не би требало да има никакви проблеми.

На тимот на Лучијано Спалети му оди одлично на стартот од
новата сезона, со 13 бода по пет одиграни натпревари е на врвот од Серија А,
засега без пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани