53
Кога се чинеше дека Интер е пред пораз, нероазурите го свртеа мечот и победија со 3-2 против Комо.
Комо поведе со гол на Батурина во 32. минута, а по три минути игра во вториот дел Да Куња зголеми на 2-0.
Се чинеше дека Интер е пред пораз, но фаворитот се разбуди во финишот.
Во 69. минута Чалханоглу даде гол, намали на 1-2 и го врати Интер во игра.
Турчинот погоди и во 86. минута за израмнување на 2-2, а три инути подоцна реализираше Сучиќ за комплетен пресврт и водство на Интер од 3-2.