Интер со „ладни глави“ но жестока реторика обвини дека Јуве добива помош од судиите: Некои работи не се менуваат…

by
2 минути читање

„Нероаѕурите“
решија со „ладни глави“ да ги коментираат случувањата на мечот со Јувентус, но
реториката остана жестока. Генералниот извршен директор на клубот, Алесандро
Антонело порача дека некои работи не се менуваат па Јувентус и понатаму добива
помош од судиите.

Покрај црвениот
картон кој му беше покажан на Весино со помош на ВАР, за Интер не е јасно како
судијата Орсато не го исклучил Миралем Пјаниќ. Босанецот два пати невнимателно
стартуваше врз Рафиња. Во првиот случај Орсато не досуди ни прекршок, а во
вториот случај извади жолт, но му го покажа на Д’Амброзио, кој жестоко
протестираше зошто Пјаниќ се извлекува без опомена.

Интер и фановите
исто така се бесни откако на социјалните мрежи се појавија две видеа од
четвртиот судија Таљавенто. На една од снимките тој е уловен како разговара со
тренерот на Јувентус, Макс Алегри, кој наводно му честита на арбитарот: „Помина навистина
добро… Беше многу добар… Треба да го унапредите!“
мислејќи на главниот судија Орсато. На вториот клип пак, по голот на Квадрадо за 2-2, Таљавенто наводно им кажува на останатите судии „Ќе победиме во продолженија“.

„Сите можат да
видат што се случуваше. 80.000 луѓе на стадионот видоа, како и 700 милиони гледачи од 170
земји ширум светот. Ова сигурно не беше добра епизода за италијанскиот фудбал.
Мислам дека го прикажа Калчото во лошо светло
– вели Алесандро Антонело.

„Решивме да
молчиме до денес бидејќи не сакавме во моментот на жештината да не понесат
емоциите. Ги прегледавме сите инциденти и не можеме да разбереме зошто судијата
имаше различни аршини за нас и за Јувентус. Многу работи се менуваат во
фудбалот, но очигледно некои остануваат исти
.

„Ние сме горди на
нашата историја
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани