Интер со фуриозни 30 минути ја реши Парма (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Актуелниот шампион на Италија, Интер, без поголеми проблеми стигна до нова победа во Серија А, откако на домашен терен ја совлада Парма со убедливи 3-0.

Тимот од Милано ја заврши најголемата работа уште во првите 30 минути, кога ги постигна сите три погодоци. Резултатот го отвори Хрватот Сучиќ во 13. минута, а само пет минути подоцна Чалханоглу беше прецизен од белата точка за водство од 2-0. Конечниот резултат на истекот на половина час игра го постави Маркус Турам, кој ја потврди доминацијата на домашниот состав.

Во продолжението од натпреварот темпото значително опадна. Интер немаше потреба да ризикува, па со сигурна игра ја контролираше ситуацијата на теренот и рутински го приведе дуелот до крајот.

За „нераѕурите“ ова беше петта победа на шесте одиграни натпревари во првенството, со која стигнаа до 16 бода и се зацврстија на лидерската позиција на табелата.

Најблиску до миланскиот гигант се римските ривали Рома и Лацио, кои имаат по 13 бода, но допрва треба да ги одиграат своите натпревари од шестото коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×