Арсенал со пресврт ги освои трите бода против Лидс! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Топчиите потешко од очекувањата го победија Лидс во првиот натпревар од колото во Премиер лигата, Арсенал славеше со 2-1.

Мрежите мируваа во првото полувреме, а по 10 минути игра во вториот дел Џастин одлично пласираше по проигрување од Гудмундсон и донесе водство од 1-0 за Лидс.

Предноста на гостите траеше само седум минути, тогаш Калафиори постигна гол за израмнување на 1-1.

Во 70. минута Бруно Гимараеш даде гол за комплетен пресврт и водство на Арсенал од 2-1. Тоа беше и конечниот резултат на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×