Баерн Минхен доживеа вистински шок уште на самиот почеток од натпреварот во Бундеслигата. Авгсбург стигна до водство по само шест секунди игра, по големата грешка на искусниот голман Мануел Нојер.
По почетниот удар, топката заврши кај Нојер, кој се обиде да ја започне акцијата на својот тим, но неговото додавање беше пресечено од Фелхауер. Фудбалерот на Авгсбург доби идеална можност, излезе сам пред празната мрежа и без проблем ја затресе за рано водство на домашниот состав.
Со овој погодок е испишана нова страница во историјата на Бундеслигата. Голoт на Авгсбург е најбрзиот во историјата на германското првенство, надминувајќи ги досегашните рекорди на Кевин Фоланд и Карим Белараби, кои во 2014 и 2015 година постигнаа голови по девет секунди игра.
🚨🚨 AUGSBURG OPENED THE SCORING AFTER JUST 6 SECONDS AGAINST BAYERN MUNICH! 🤯🇩🇪 https://t.co/HkGdLLOZin
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) October 10, 2026