Челси му даде пет гола на Бонрмут, блескаа Жоао Педро и Хендерсон (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Челси забележа убедлива победа од 5-1 против Бормут на домашен терен, во натпревар во кој уште на самиот почеток најави дека трите бода тешко ќе му избегаат.

„Сините“ фуриозно го отворија дуелот и уште во втората и третата минута Хендерсон и Роџерс ја затресоа мрежата на гостите за брзо водство од 2-0. По ефикасниот почеток, темпото на играта опадна, па до крајот на првото полувреме резултатот остана непроменет.

На самиот старт од вториот дел, Жоао Педро зголеми на 3-0. Бормут успеа да возврати во 51. минута, кога Еванилсон го постигна единствениот погодок за гостинскиот тим.

Сепак, Челси не дозволи неизвесност. Жоао Педро во 67. минута по вторпат се запиша меѓу стрелците за предност од 4-1, а конечниот резултат го постави искусниот Џордан Хендерсон, кој со својот втор гол, постигнат од слободен удар на дваесетина минути пред крајот, ја запечати убедливата победа на домашниот состав.

На останатите натпревари, Астон Вила и Брентфорд одиграа нерешено 2-2, Брајтон славеше со 2-0 на гостувањето кај Сандерленд, додека Ипсвич го совлада Фулам со 2-1 пред своите навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×