Трката за топ 4
пласман во Калчото станува интересна откако денеска Рома киксираше против
Болоња и одигра само 1-1 а Интер и Лацио стигнаа до три бода.
„Нероаѕурите“
пред своите фанови забележаа победа од 3-0 против Киево. Резултатот беше
отворен по само 37 секунди и тоа откако Перишиќ од аут му асистираше на Икарди
за 1-0. По 13. минути игра проработе хрватската линија, Брозовиќ испрати долга
топка за Перишиќ, кој умешно се снајде и донесе 2-0.
На стартот од
вторит дел, Перишиќ одново ја имаше улогата на асистент а Икадрди стрелаше
прецизно за својот втор гол и конечни 3-0.
Ремито на Рома го
искористи и Лацио, кој на Олимпико стигна до убедлив триумф од 6-2 против
фенерџијата Беневенто. „Вештерките“ останаа со играч помалку во 9. минута, а
веќе во 19. минута Имобиле ги донесе домаќините во предност. Но гостите преку
Каталди изедначија на 1-1, а на стартот од вториот дел Гиљерме донесе водство
од 1-2 и големо изненадување.
Но ова само ги
наљути избраниците на Инзаги, кои до крајот на мечот ја наполнија мрежата на
противникот. Најпрво Каиседо донесе 2-2 по еден час игра, а потоа за две минути
паднаа два гола. Де Врај и Имобиле во период од 66. до 68. минута ги решија
сите дилеми околу победникот. Лукас Леива во 83. минута донесе 5-2, а конечниот
резултат го постави Алберто со гол од пенал во судиското надополнување.
Аталанта со 2-0
триумфираше над Удинезе, Фиорентина со ист резултат го совлада Кротоне, а Торино
стигна до триумф од 0-4 на гостувањето кај Каљари. Џенова и нашиот Горан Пандев
разочараа пред совите фанови, откако со играч повеќе пропуштија водство од 1-0
и му дозволија на СПАЛ со бод да замине од Луиџи Ферарис.