53
Фудбалерите на Интер продолжија да чекорат кон Скудетото во Италија откако вечерва со 3-0 го совладаа Каљари во 33-тото коло од Серија А.
Интер беше подобар противник од самиот почеток на дуелот, сепак во првото полувреме не видовме погодоци.
Резултатот го отвори Турам во 52-та минута, а само четири минути подоцна Барела зголеми на 2-0 и најави дека „нераѕурите“ нема да имаат проблеми.
Точка на натпреварот стави Зјелински со атрактивен гол во 92-та минтуа од дуелот.
🚨 PIOTR ZIELIŃSKI IN 90+2 — INTER PUT THE FINISHING TOUCH ON A DOMINANT NIGHT!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 17, 2026
🇮🇹 INTER 3–0 CAGLIARI pic.twitter.com/RvgIGlfYZx
Standings provided by Sofascore