Интер пресилен за Парма, Димарко, Барела и Турам се погрижија за нова победа (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Интер

Интер славеше со 3-1 над Парма, домаќините ја оправдаа фаворитската улога и со головите на Димарко, Барела и Турам стигнаа до трите бода.

На отварањето на 15. коло во Серија А, Интер пред своите навивачи ја совлада Парма со 3-1.

Откако избраниците на Инзаги пропуштија неколку шанси, резултатот беше отворен во финишот на првото полувреме. Димарко одлично се снајде, со пета исконтролира една топка, си отвори простор и прецизно биеше по земја за 1-0.

„Нероаѕурите“ ја дуплираа предноста на стартот од вториот дел, Мхитарјан одлично го пронајде Барела, кој убаво ги исфрли од игра и дефанзивецот и голманот, и рутински стрелаше за 2-0.

Во 67. минута беа решени сите дилеми околу победникот, Турам ја затресе мрежата за 3-0. До крајот на натпреварот, Дармијан си постигна автогол за конечни 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани