Филипе Кутињо во
последно време е во центарот на вниманието поради одличните игри и интересот на
Барселона, па Ливерпул беше принуден да му даде нов договор и да го направи најплатениот играч во
историјата на „Црвените“.
Во разговор со
ЕСПН, спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио сега признава дека продажбата
на Филипе Кутињо му е една од најголемите грешки.
„Не сакам да се
присеќавам на продажбата бидејќи тоа беше голема грешка” – вели Аусилио. „Можеби најголема
во последните 20 години”.
„Нероаѕурите“
уште од мали нозе го препознаа талентот на Бразилецот, го купија кога тој имаше
само 16 години и поради правилата беа принудени да чекаат 24 месеци за Филипе
Кутињо да се пресели во Милано.
Но играчот никогаш не
успеа да се наметне на Џузепе Меаца, а откако беше испратен на позајмица во
Еспањол, во јануари 2013 беше продаден на Ливерпул за околу 10 милиони евра.
„Имам добри
спомени од него, беше сериозен и сакаше да работи, веднаш увидовме дека ќе
стане голем играч”.
„Но откако се
врати од позајмицата во Еспањол, Интер одбра нова насока. Го променивме
тренерот и променивме неколку играчи”.
„Тоа беа тешки
времиња за Интер, не само за Кутињо”.
„Не играше
регуларно, пред него беа Милито, Снајдер, Касано и Паласио. Му беше потребна
минутажа а ние не можевме да му ја обезбедиме”.
Запрашан за можно
враќање на Кутињо во Интер, Аусилио вели: „Неговата кариера во Европа започна
благодарејќи на нас”.
„Сега имаме
богати сопственици, и иако имаме одредени ограничувања поради Финансискиот фер
плеј, нема да отфрлам ништо”.
„Тој би можел
да се врати во иднина, секогаш можеме да се надеваме”.