Шпански новинар жестоко удри по Жозе Мурињо

by bojan
1 минути читање

Новинарот Пако Гонзалес остро го критикуваше Жозе Мурињо, смета дека португалскиот тренер повторно ги ставил судиските одлуки во центарот на дебатата.

Реал Мадрид не игра на посакуваното ниво на стартот од новата сезона, во неделата го забележа и вториот пораз откако загуби на лутото градско дерби против Атлетико Мадрид.

Но сето ова падна во втор план поради неколку контроверзни одлуки на „Метрополитано“, самиот Жозе Мурињо се појави на прес конференцијата со лист во раката за да покаже дека Атлетико требал да остане со двајца играчи помалку за остри стартови над Валверде и Белингем во првото полувреме.

„Специјалниот“ не се штедеше со нападите врз главниот судија и ВАР собата, и повторно ја пласираше теоријата дека првенството е наместено во полза на ривалите на Реал Мадрид.

Но сето ова не му се допадна на новинарот Пако Гонзалез, кој вели дека ништо не се променило од пред 15 години, и Жозе Мурињо повторно ги ставил судиските одлуки во центарот на дебатата.

„Мурињо повторно се појави, не знам колку години подоцна, и вината за поразот пак е кај судијата“ – вели Пако Гонзалес во емисијата „Тиемпо де Жуего“.

„На Реал Мадрид му требаше модерен тренер, а тие го вратија тренерот од пред 15 години. Ангажираа сценарист за ТВ каналот!“

„По ова дерби, за фудбалот нема многу да се зборува. Мурињо не дојде овде да зборува за фудбал, ниту пак за да игра фудбал“.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×