Фудбалерите на Интер ја оправдаа фаворитската улога против Лацио и со 2-0 триумфираа во финалето од Купот на Италија.
Натпреварот во Рим беше решен во првото полувреме во кое „нераѕурите“ ги постигнаа двата погодоци. Резултатот беше отворен по 14 минут игра кога Марушиќ си ја погоди сопствената мрежа.
По нешто повеќе од половина час игра, Дамфрис украде топка на половината на Лацио и додаде до Лаутаро кој на празна мрежа погоди за 2-0.
Лацио до крајот на првите 45 минути не упати ниту еден удар во рамките од голот на Интер, додека во вториот дел прикажа нешто подобра игра, меѓутоа сепак реализацијата изостана.
Со ова Интер стигна до двојна круна откако претходно веќе ја обезбеди титулата во Серија А.