Интер не дочека кикс, Наполи го освои четвртото скудето во историјата! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Наполи ја исполни својата цел и четврти пат во историјата е шампион на Италија, откако во последното коло на Серија А го совлада тимот на Каљари со 2-0 (1-0). Двете средби кои решаваа за скудетото добија посебен петочен термин, а иако Интер победи, не дочека кикс на „партенопеите“ кои ги израдуваа своите навивачи во Неапол.

Еуфоријата во јужниот дел на Италија беше огромна, речиси половина милион луѓе побараа билети преку официјалната продажба на Наполи за само 55.000 места. Најсреќните во живо го проследија својот миленик како го крева трофејот во калчото, откако во минатата сезона заврши на десеттата позиција. Антонио Конте одново се покажа дека е вистински мајстор, па петти пат во кариерата крена трофеј во Серија А, овојпат враќајќи го Наполи на тронот по две години.

Околу натпреварот на „Диего Армандо Марадона“, со головите на Скот Мектоминеј и Ромелу Лукаку домашниот тим стигна до посакуваната победа. Наполи беше подобар ривал и сосема заслужено победи, а го детронизираше ланскиот првак.

Интер иако истрча со комбиниран состав на гостувањето кај Комо, рутинси си ја заврши задачата и слави со идентични 0-2. Стефан Де Фрај и Хоакин Кореа ја обезбедија победата за „нераѕурите“ на „Џузепе Синигаља“, а од помош беше црвениот картон на Пепе Реина во финишот на првото полувреме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани