105
Интер и Каљари го отворија 33. коло во Серија А, домаќините освоија лесни три бода со кои се искачија на третата позиција, барем до утре.
Резултатот беше отворен по само три минути игра кога Кансело директно од скратен корнер погоди за водство на Интер од 1-0. Со тој резултат се замина на полувремето.
По само четири минути игра во вториот дел, Икарди најдобро се снајде во шеснаесетникот на Каљари и го зголеми водството на 2-0.
Во 60. минута Брозовиќ зголеми на 3-0 и стави крај на сите дилеми околу победникот. Конечните 4-0 ги постави Перишиќ во 90. минута.