Интер имаше
заостанување од два бода во однос на Лацио во пресрет на пресметката на
Олимпико следната недела и вечерва му требаше победа, по можност со голема гол
разлика, за да биде во што подобра позиција пред клучниот натпревар.
Но сонот за настап
вп Лигата на шампионите најверојатно заврши уште вечерва откако Сасуоло приреди
изненадување и ги фрли „Нероаѕурите“ не колена на Џузепе Меаца.
Гостите поведоа
со погодокот на Политано кој итро биеше под живиот ѕид за 0-1. На спротивната
страна голманот Консиљи правеше чуда на голот и спречи неколку добри шанси на
домаќините.
Интер продолжи да
притиска во вториот дел, но следуваше нов шок, Берарди испрати проектил од 16
метри за 0-2.
Избраниците на
Спалети намалија во 80. минута преку Рафиња, потоа имаа солидни прилики за реми, но Консиљи продолжи со извонредната партија помеѓу стативите и помогна
својот тим да стигне до победата број пет во последните шест пресметки со
Интер.