96
Интер се помачи за да
дојде до триумф од 2-1 над Болоња во Милано, а имаше и двајца фудбалери повеќе
на теренот.
Лошо издание за
домаќините имаше Марсело Брозовиќ кој во 58. минута (при 1-1) беше заменет со
Рафиња, а Хрватот доби свирежи од гледалиштето при замената, исто како и при
грешките кои ги правеше во текот на мечот.
Брозовиќ возврати со
саркастичен аплауз кон фановите на Интер, а според информациите кои ги
пренесува „Газета дело Спорт“, клубот наводно ќе го казни овој потег на
Хрватот.
data-lang="en">