15
Екипата на Интер стигна до шампионскиот трофеј во Серија А, откако славеше со 2-0 против Парма и тоа три кола пред крајот на сезоната.
„Нераѕурите“ уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и доминираа на теренот, а иницијативата ја крунисаа во финишот на првиот дел, кога Маркус Турам погоди во судиското надополнување за водство од 1-0.
Контролата на играта продолжи и во второто полувреме, а дилемите околу победникот ги реши Хенрик Михтарјан со погодок во 80. минута за конечни 2-0.
Со оваа победа, Интер дојде до вкупно 82 бода и обезбеди недостижна предност од 12 поени во однос на второпласираниот Наполи. Во битката за врвот следуваат Милан со 67 и Јувентус со 65 бодови.