Интер има план како да ја тргне клаузулата на Икарди, но Аргентинецот има свои барања

by
1 минути читање

Според информациите кои
ги пренесува „Кориере дело Спорт“, Интер сака да ја тргне откупната клаузула
вредна 90
(претходно голем број на извори пренесоа дека таа изнесува 110 милиони) милиони евра во договорот на Мауро Икарди.

За тоа да го стори,
тимот од Милано има стратегија, наводно му нуди нов договор на напаѓачот со
раст на платата од два милиони евра, односно, од 4,7 таа да изнесува 6,5
милиони евра, додатно со бонуси во истиот.

Сепак, и Икарди има
услови, па така, неговиот агент, инаку негова сопруга Ванда, бара годишна плата
за својот фудбалер од седум милиони евра, но и откупна клаузула од 150 до 200
милиони евра.

Шпекулациите велат дека
доколку Интер сака целосно да ја оттргне откупната клаузула во договорот со
Икарди, тогаш на напаѓачот ќе треба да му исплаќа годишна плата од осум милиони
евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани