160
Енис Барди
повторно игра во својата препознатлива форма, онаков каков што го познаваме
сите во дресот на шпанскиот прволигаш Леванте, два пати погоди во мрежата на Барселона
во мечот од Примера, а „ЕСПН“ пренесува дека Македонецот е на радарот на два
европски гиганти.
Според информациите кои ги пренесува угледниот медиум, Интер и ПСЖ се екипите кои
сериозно ги следат настапите на Македонецот кој постигна пет гола во последните
четири меча во Шпанија.
Ќе додадеме дека
Барди има откупна клаузула во својот договор со Леванте која изнесува 25
милиони евра, што воопшто не би било проблем за Интер и ПСЖ кои се најзагреани
за неговиот потпис.