По драматичното и
контроверзно „Дерби на Италија“ кое Интер го загуби со два гола за две минути во
завршницата откако претходно херојски направи пресврт со играч помалку,
избраниците на Лучано Спалети денеска стигнаа до победа.
Во првиот
натпревар од денот, „Нероаѕурите“ го „растурија“ Удинезе и со 0-4 славеа на
гостувањето на Фриули.
Резултатот беше
отворен во 12. минута, по еден корнер од левата страна, Ранокија скокна
највисоко и донесе предност од 0-1. Во 43. минута, Рафиња го постигна својот
гол првенец. Бразилецот по еден соло пробив прецизно биеше по земја за 0-2. Во
финишот од првиот дел падна и трет гол, Икарди го изенади голманот на
домаќините со шут на поблиската статива за 0-3.
Конечните 0-4 беа
дело на Валеро во 71. минута од мечот. Со овие три бода Интер си ги задржа
шансите за топ четири пласман но сега ќе чека кикс на Лацио или Рома.