„Нероаѕурите“
можеа да освојат три важни бода во битката за топ четири пласман и да го
отпишат Милан од местата кои водат во Лигата на шампионите, но Мауро Икарди
немаше своја вечер.
Интер беше
подобар противник на „Дерби дела Мадонина“, но резултатот остана оној почетниот.
Првата добра
шанса на натпреварот ја имаше Бонучи, по еден прекин од левата страна,
дефанзивецот се снајде најдобро но Хандановиќ одбрани.
На спротивната
страна, Мауро Икарди погоди за водство на Интер од 0-1 на пет минути до крајот
на полувремето, но радоста на Интер траеше кратко, ВАР го поништо голот поради
милиметарски офсајд.
Аргентинецот
можеше да се прослави на стартот на вториот дел, по една одлична акција доби
топка на пет метри, голот беше празен, но напаѓачот не реагираше најдобро и
промаши.
Потоа следуваше
нова закана од слична ситуација, Икарди осамен чекаше топка на пет метри но
Донарума ја прочита акцијата и во последен момент го пресече додавањето на
Перишиќ.
Кутроне мислеше
дека донесе водство за Милан кога атрактивно го матираше Хандановиќ, но и
овој гол беше поништен поради офсајд
Во 92. минута
Мауро Икарди имаше нова голема прилика, Кансело уфрли остра топка, а напаѓачот
со лизгачки старт на подалечната статива се обиде да ја затресе мрежата, но и
овој пат не беше прецизен и биеше крај голот.