Интер договори засилување за НУЛА евра, се чека само амин од Кина

by
1 минути читање

25 годишниот Холанѓанец нема намера да го продолжи договорот со Лацио, и за шест месеци може да заврши на Џузепе Меаца за нула евра.

Директорите на Интер, Аусилио и Сабатини подолго време се во контакт со агентите на играчот и според денешното издание на Газета дело Спорт, двете страни пронашле заеднички јазик за пет годишен договор и плата од 3,5 милиони евра плус бонуси.

Весникот додава дека сега недостасува само сопственикот, групацијата Сунинг да даде зелено светло.

Но „Нероаѕурите“ ќе мора да побрзаат бидејќи ситуацијата на Де Вриј внимателно ја следат Атлетико Мадрид, Барселона, и Манчестер јунајтед.

Јувентус исто така е во битка за потписот на Де Вриј, но „Старата Дама“ е во двоумица поради тоа што младиот Калдара, кој игра во одлична форма во дресот на Аталанта, следната сезона ќе пристигне во Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани