115
Капитенот на
Барселона, Андрес Иниеста остана без зборови по шокантниот пораз на неговата
екипа од Рома со 3-0, и елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите
и покрај домашната победа од 4-1 во првата пресметка.
„Овој пораз ме
боли, не очекувавме вакво нешто, имавме големо водство, не се прилагодивме на
предизвикот и разочарани сме премногу, тие беа чисти во своите идеи, имаа план
како да не нападнат и сето тоа им се исплатеше“ рече Иниеста кој додаде дека,
за него, можно е тоа да беше последниот меч во Лигата на шампионите.
„Можно е за мене
ова да е последниот меч во Лигата на шампионите, но, ова не е момент за да се
размислува на таа тема“ додаде тој.