Откако се збогува
со Барселона, Андрес Иниеста започнува нова авантура. Играчот долго време се
поврзуваше со преселба во Кина, се споменуваше плата од која боли глава, како и бизниз предлози (откуп на вино) вредни десетици милиони евра.
Сепак, Шпанецот
реши кериерата да ја продолжи во Јапонија и денеска отпатува за Далечниот Исток
во придружба на Хироши Микитани, првиот човек на спонзорот на Барселона,
Ракутен.
Андрес Иниеста вечерва се огласи на
социјалните мрежи, на Твитер сподели фотографија и напиша: „Патувам во мојот нов
дом, со мојот пријател Хироши Микитани“.
Новата
дестинација на играчот е Висел Кобе, клуб кој е во сопственост токму на Хироши Микитани.
Rumbo a mi nuevo hogar, con mi amigo @hmikitani…
Heading to my new home, with my friend pic.twitter.com/xeXBw4GYfc
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) May 23, 2018