ФИФА им постави рок на националните федерации до 19 септември да се изјаснат дали ја поддржуваат иницијативата на претседателот Џани Инфантино за продажба на дел од организацијата на приватни инвеститори.
Според информациите објавени во писмо испратено до федерациите, секоја членка што ќе го поддржи предлогот ќе добие финансиски поттик од 40 милиони долари. Во спротивно, оние кои нема да го поддржат, а во случај предлогот да добие мнозинство од гласовите ќе добијат една четвртина, односно 10 милиони долари.
Планот на Инфантино предвидува влез на приватен капитал во дел од работењето на ФИФА, потег што би претставувал една од најголемите промени во историјата на светската фудбалска организација.
Федерациите имаат рок до 19 септември да го достават својот став, а доколку предлогот добие доволна поддршка, ФИФА ќе може да започне со реализација на процесот и преговорите со потенцијалните инвеститори. Засега од ФИФА нема официјално соопштение со дополнителни детали околу моделот на продажба, ниту е познато кои приватни инвеститори би биле вклучени во проектот.