Игуаин ги замолкна навивачите на Наполи, голема победа на Јувентус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Игуаин не беше најсредечно дочекан од фановите на Наполи кои го сметаат за предавник, Аргентинецот им врати со гол и победа за Јувентус.

Наполи имаше шанса на свој терен со победа да се одлепи на дури седум бода во однос на Јувентус, но наместо тоа разликата сега е само еден бод во корист на Наполитанците.

Клучниот момент се случи во 13. минута кога по асистенција од Дибала, Игуаин ја смести топката во мрежата на Наполи за водство на Јувентус од 1-0.

До крајот на мечот Наполи се обидуваше да дојде барем до израмнување но Јувентус успеа да го одбрани водството и да си замине со големи три бода.

Интер во недела го пречекува Киево и доколку победи ќе избие на лидерската позиција и ќе остане единствениот тим без пораз во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани