„Долги години
немам видено вакви лица“. Вака член на експедицијата на Барса го опишува болното патување од Рим
до Барселона по елиминацијата од Лигата на шампионите.
Никој не можел да
спие и покрај заморот, сите биле тажни и бесни. Тимот бил свесен за
спектакуларниот неуспех, кој е поголем од тешките порази во Париз и Торино од
изминативе години, со оглед на тоа дека на Олимпико требаше да одбранат
предност од 4-1 од првиот натпревар против тим кој не е помеѓу најдобрите во
Европа.
Елиминацијата веројатно боли повеќе поради тоа што лутиот ривал Реал Мадрид сега има добри шанси да се
радува на трета титула во низа во најелитното европско натпреварување.
„Му ја подаривме
Лигата на шампионите на Реал Мадрид” – биле зборовите кои во неколку наврати ги кажале фудбалерите.