144
Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими до крајот на сезоната ќе има двојна функција во албански Партизани Тирана.
Клубот информираше дека по серијата незадоволителни резултати е прекината соработката со тренерот Олтијон Кернаја, кој не успеал да ги реализира очекувањата поставени пред стартот на сезоната, по што управата се одлучила за промени.
По неговото заминување, Ибраими ќе се приклучи и во стручниот штаб, додека истовремено ќе продолжи да ја извршува и функцијата спортски директор.
Да потсетиме, Ибраими во моментов е активен и во Фудбалска федерација на Македонија, каде што е дел од Управниот одбор.