130
Ибра се поврзуваше со враќање во Милан, но тој потпиша нов договор со ЛА Галакси и вели дека сака да ја заврши кариерата во САД.
„Многу се зборуваше, но никогаш не си заминав. Се уште не сум завршил со МЛС, се уште имам работи да дадам. Мојата прва сезона беше само загревање, втората ќе биде поинаква“, изјави Ибрахимовиќ.
„Сега подобро ја знам лигата и моите противници, плус физички подобро се чувствувам, тука дојдов да ја завршам кариерата“.
Ибрахимовиќ беше импресивен и во својата прва сезона во ЛА Галакси иако неговиот тим не направи некој позначаен успех.