Ибра носталгичен по националниот дрес на Шведска

by
1 минути читање

По две годишно
пензионирање од националниот дрес, се чини дека Златан Ибрахимовиќ полека но
сигурно почна да го влече носталгија за дресот на Шведска.

Играв 20 години и сега
одеднаш гледам како другите играат за репрезентацијата, тоа е тешко. Но, тешко
е и кога си повреден, затоа што сакаш да играш и за клубот и за својата земја.
Морам да ја прифатам ситуацијата и да се борам. Не можам да сторам ништо, туку
треба да тренирам и да се борам, да продолжам кон остварувањето на зацртаните
цели
“ рече шведскиот напаѓач.

Популарниот Ибра од
селекцијата на Шведска се повлече пред две години, минатата година доживеа
тешка повреда на коленото и по подолга пауза се врати на терените, а потоа
повторно се повреди.

Шведска во бараж фазата
од квалификациите ја елиминираше Италија, и со тоа обезбеди место на Мундијалот
во Русија, па останува отворено прашањето дали Ибрахимовиќ со оваа изјава
најави враќање во националниот дрес, или тоа останува само на носталгија, и
ништо повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани