И тоа се случи: Судија казнет поради старт врз фудбалер! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Чапрон доби три месечна суспензија бидејќи на 15. јануари на натпреварот помеѓу Нант и ПСЖ го удри домашниот фудбалер Диего Карлос, а потоа и го исклучи.

Чапрон му се најде на патот на Карлос кој по инерција го бутна, по што судијата намерно го удри фудбалерот. Но потоа неочекувано му покажа и втор жолт картон, кој значеше и црвен.

Покрај суспензијата од три месеци, француската федерација му додели уште три месеци условна казна која ќе се активира доколку овој судија продолжи со грубостите кон играчите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани