Елиминацијата на Египет во осминафиналето на Светското првенство донесе големо разочарување кај капитенот Мохамед Салах, кој по поразот од Аргентина со 3-2 жестоко го критикуваше судењето.
Искусниот напаѓач смета дека неговата селекција била оштетена во клучен момент, кога барал пенал, но главниот судија Франсоа Летексие не сакал ниту да ја преиспита ситуацијата со ВАР.
„Му кажав да се врати и да ја погледне снимката, затоа што тоа беше чист пенал, но тој само одмавна и ми рече: ‘Не, тоа не е прекршок’. Иронично, тоа беше ист тип на дуел поради кој ни беше поништен гол. Во тој момент знаев дека го загубивме натпреварот поради судијата. Тука не можете ништо. Да беше судењето фер, ќе победевме“, додаде Салах.
Египет долго време беше блиску до четвртфиналето, бидејќи имаше предност од 2-0, но Аргентина во самиот финиш направи голем пресврт и со погодок во 93. минута обезбеди победа од 3-2 и место меѓу осумте најдобри селекции.