И после нема да им даваат по пет гола на сите, дури 12 од 13 најплатени играчи во Франција се „Светци“

by
2 минути читање

Откако „Светците“
преминаа во рацете на шеиците од Катар, парите не се проблем, па ПСЖ креираше
тим кој не само треба да доминира во Франција туку и да се надигрува со
најдобрите од Европа.

Својата
финансиската моќ клубот од Паркот на Принцовите ја демонстрираше изминатово
лето кога искешира 222 милиони евра за ангажман на Нејмар а потоа го донесе и
Килијан Мбапе за 180 милиони евра.

Реномираниот
Лекип денеска ги објави платите на фудбалерите во Лиг 1 и овие бројки само
дополнително говорат какво е нивото на ПСЖ во споредба со другите и зошто избраниците
не Емери ги полнат противничките мрежи. Дури девет од десетте најплатени играчи
се дел од „Светците“, односно во ПСЖ играат 12 од 13 фудбалери со најголеми
примања во Франција.

На врвот е Нејмар
кој има месечни примања од нешто над 3 милиони евра. Зад Бразилецот се Единсон
Кавани
(1,54 милиони евра), Килијан Мбапе (1,5 милиони евра), Тиаго Силва (1,33
милиони евра), Анхел Ди Марија (1,12 милиони евра), Маркињос (1,12 милиони
евра), Тиаго Мота (875.000 евра), Хавиер Пасторе (770.000 евра), Радамел Фалкао
(750.000 евра) и Дани Алвеш (700.000 евра).

И следните три
позиции надвор од топ 10 се резервирани за фудбалери на ПСЖ. Јулијан Дракслер и
Марко Верати заработуваат по 600.000 евра, а зад нив е Атем Бен Арфа, кој секој
месец „лапа“ по 500.000 евра без да одигра минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани